Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Металург ги добија ривалите во групната фаза од Лигата на Европа.
Металург ќе биде дел од групата А и ќе игра против шпанскиот Адемар Леон, полската Висла Плоцк, рускиот Чеховски Медведи, францускиот Тулуз и австрискиот Фиверс.
Битолски Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Д, заедно со унгарската Татабања, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, германскиот Рајн Некар Левен, данскиот ГОГ Гудме и словенечкиот Тримо.
Натпреварите од групната фаза започнуваат на 20 октомври.
Лига на Европа 2020/21, групна фаза:
Група А: Адемар Леон, Висла Плоцк, Чеховски Медведи, Тулуз, Фиверс, Металург
Група Б: Ним, Динамо Букурешт, Татран, Фуксе Берлин, Спортинг, Кристијанштад
Група Ц: Магдебург, Алингсас, Бешикташ, Монпелје, Нексе, ЦСКА Москва
Група Д: Татабања, Кадетен, Еурофарм Пелистер, Рајн Некар, ГОГ Гудме, Тримо