На 01.10.2020 во 11.00 часот на ул.„Митрополит Теодосие Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Д.Ј.(46) и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(22) од с.Просениково, струмичко.
Во незгодата, сопатникот во возилото „шкода“, Ш.Д.(42) полициски службеник од Скопје, се здобил со повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.