Прегазил малолетна велосипедистка па наместо во болница ја однел дома

На 01.10.2020 во 22.20 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било донесенa малолетничка од Скопје со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, околу 19.00 часот, додека се возела со велосипед на улицата Шуто Оризари, била удрена од патнично возило, по што возачот ја однел во нејзиниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од МВР информираат и дека на 01.10.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на крстосница од улиците Иван Хаџиниколов и Дреновска клисура во Скопје, автомобил „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.А.(37) од Скопје, удрило во велосипед,  управуван од Б.П.(57) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави