Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна од три ипол години

Денеска (02.10.2020) во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Галате во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го приведоа Ф.Л.(50) од село Дебреше.

Тој со наредба од Основниот суд Скопје се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци. Уапсениот бил осуден за кривично дело -засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос

Лицето е спроведено во казнено-поправната установа Идризово.

 

Треба да знаете
Последни објави