Со мерката поврат на туристичка такса за 2019 година, 2 милиони евра ќе се вратат кај 4.740 субјекти

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Во фокусот на четвртиот пакет мерки донесен од Владата предводена од СДСМ, е и поддршката со плати за туристичките водичи,како дел од еден од најпогодените сектори во кризата предизвикана од коронавирусот.
На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, а за секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определена е и мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година.

Тоа значи дека 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

За секторот туризам обезбедени се и  грантови за 500 туристички агенции во вкупна вредност од 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година.

Во четвриот пакет антикризни мерки предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна, од 18%.  Оваа мерка за којашто се потребни законси измени ќе започне од 1 јануари 2021 година, а нејзината цел е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.
Владата предводена од СДСМ покажа дека се грижи за секој поединец, за секоја компанија погодена од глобалната здравствено и економска криза. Следува реализација на мерки и политики што обезбедуваат вистинска грижа за граѓаните и за македонската економија.

Треба да знаете
Последни објави