Том Хенкс прозборе за семејната трагедија

Холивудскиот актер Том Хенкс за првпат ја раскажа својата трагична семејна приказна како гостин во една емисија.

Имено, Хенкс откри дека неговиот татко бил сведок на убиството на својот татко, односно дедото на Том, кога бил мал.

По многу години, Том се отвори во интервју со Греам Бенсинџер и рече дека неговиот татко Амос Мефорд Хенкс бил присутен на убиството на неговиот татко.

„Татко ми имаше девет или десет години кога изнајмен работник го убил татко му во штала на неговата фарма во калифорнискиот град Виловс. Тој беше едно од четирите деца и единствен се нашол таму. Тој бил скршен од тоа искуство. Како дете морал да сведочи трипати. Со адвокатите, судијата… Тоа било спорна борба, мажот беше ослободен затоа што станувало збор за тепачка. Но таткото на татко ми беше убиен и тој сведочеше за тоа“, раскажа Том.

Додаде дека тоа го уништило неговиот татко и му го одзело безгрижниот живот, а исто така го изгубил чувството дека во светот има правда.

Тој исто така објасни дека неговиот татко станал црна овца во семејството затоа што бил сведок на тој ужасен настан.

„Не чувствувал вистинска радост сè додека не се оженил со мојата маќеа. Сакал да биде писател, но животот не му подалил карти за да ги оствари тие соништа“, заклучи Том во искреното интервју кое ја шокираше јавноста.

Преземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави