Фонд за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите нации) денеска на прес-конференција ќе го објават Јавниот повик за дигитализација на услугите во локалната самоуправа.
Од ФИТР информираат дека целта на јавниот повик е да се изберат решенија односно дигитални алатки кои ке бидат имплементирани во пет пилот општини (Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово) и ќе бидат на располагање на општините и нивните граѓани. На презентацијата ќе присуствуваат и градоначалниците од избраните општини.
На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој и Нарине Сахакиан, постојан претставник на Програмата за равој на Обединетите Нации.