Фофана ново засилување на Лестер

Весли Фофана и официјално е ново засилување за Лестер. Младиот фудбалер на Ст: Етјен потпиша петгодишен договор со тимот од „Кинг Пауер“ и ќе им се придружи на своите нови соиграчи додека се подготвуваат за натпреварот против Вест Хем Јунајтед овој викенд.

По пристигнувањето во дресот на „лисиците“, Фофана изјави:

„Пресреќен сум што сум тука. Внимателно го гледав Лестер Сити откако ја освоија титулата и тие се врвен клуб во Премиер лигата. Знам дека ќе научам многу од играчите и менаџерот овде, што е една од главните причини заради кои дојдов. Едвај чекам да започнам“.

Фофана дебитираше за Ст. Етјен против Ница во мај 2019 година и оттогаш продолжи да игра уште 25 пати во сите натпреварувања. Според шпекулациите, трансферот е вреден 30 милиони фунти, со што ќе го собори клупскиот рекорд на Ст: Етјен.

Треба да знаете
Последни објави