Хонда во Формула 1 се врати во 2019 година кога постигна договор со Ред Бул. Покрај овој тим моторите на Хонда ги користеа и Торо Росо, сегашен Алфа Таури. Одлуката за повлекување во Хонда ја донеле поради тоа што заедно со Ред Бул не успеале да направат болид кој би се борел за титулата.
Во 2019 година Хонда победи на трките во Австрија, Германија и Бразил, додека оваа година веќе има две победи, Макс Ферстапен победи во Силверстон, а Пјер Гасли во Монца.
Иако сезоната е добра за нив Хонда донесоа одлука за повлекување поради големите трошоци.
„Пресметавме колку ќе не чини учеството во Формула 1 со новите правила. Тешко е за сите прозиводители на автомобили бидејќи се оди кон електрификацијата. Поради тоа разговаравме во компанијата, бидејќи наша цел се победите. Кога влегуваме во Формула 1 целта се победите“, рекол Масаши Јамамото директорот на Хонда.
Ред Бул бо можеле да имаат сериозни проблеми бидејќи немаат многу време за да најдат нов производител кој ќе ги снабдува со мотори. Ред Бул 11 сезони, до 2018 година, имаше успешна соработка со Рено, а претходно имаа соработка со Ферари и Косворт.