Царовска и Филипче: Стратешкото партнерство со Светска банка продолжува, вложувањето во луѓето е приоритет за државата

Министрите за образование и наука и за здравство Мила Царовска и Венко Филипче денеска одржаа работен состанок со директорката на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, на состанокот е разговарано за потребата од вложување во луѓето и развој на национална сеопфатна стратегија за човечки капитал, особено за обезбедување подобри можности за иднината на најмаргинализираните граѓани.

– Тема на разговор на денешниот состанок беше и продолжување и унапредување на соработката на Министерството за образование и наука и Светска банка за реформите во основното образование и развој на клучните вештини на учениците, соопшти МОН. 

Треба да знаете
Последни објави