Министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, амбасадотот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок и програмскиот директор на турската Агенција за соработка и координација ТИКА Ајтекин Ајден денеска ќе го посетат ООУ„Петар Здравковски Пенко” во населбата Скопје Север.
Во ова, но и во други училишта низ државата ТИКА доставува донација од средства за дезинфекција и термометри.
Како што информираат од МОН, изјавите за медиуми се предвидени во 10:45 часот во училишниот двор на ООУ „Петар Здравковски Пенко”.