Шефилд Јунајтед се засили со Рајан Брустер

Фудбалерот на Ливерпул, Рајан Брустер преминува во редовите на Шефилд јунајтед за 25 милиони евра.

Напаѓачот, кој има само 20 години и е дел од младинската англиска репрезентација денеска ќе има медицински прегледи во тимот од Јоркшир и ќе потпише петгодишен договор.

„Црвените“ ќе имаат право во следните три години да го откупат назад, но не се открива колкава е оваа клаузула. Ливерпул исто така ќе добие 15 отсто од трансферот, доколку Шефилд го продаде Брустер.

Напаѓачот не добиваше многу шанса кај Јирген Клуп и изминатите три сезони одигра само четири натпревари за Ливерпул и тоа во англиските купови. Брустер изминатата полусезона беше дел од Свонси во Чемпионшип дивизијата, каде го покажа својот голем потенцијал и постигна 10 голови на 20 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави