Њујорк Тајмс: Доколку се разболи од Ковид-19, тоа ќе поттикне прашања дали Трамп треба да учествува на изборите 

 Доколку во наредниот период претседателот на САД, Доналд Трамп, покаже симптоми и се разболи од Ковид-19, тоа ќе поттикне прашања дали неговото име треба да стои на гласачките ливчиња на изборите на 3 ноември, пишува денеска Њујорк Тајмс.  

Весникот наведува дека откако Трамп (74) објави дека се тестирал позитивен на коронавирус, тоа сега преставува закана за неговата изборна кампања против опонентот Џо Бајден, претседателски кандидат на демократите. 

-Дури и да не пројави симптоми, тој треба да се повлече од кампањата и да биде во изолација во текот на незнаен временски период, наведуа весникот. 

Според весникот, позитивниот тест на коронавирус е сериозен удар за неговата политичка иднина, со оглед на тоа што тој се месеци ја потценуваше сериозноста на пандемијата, иако вирусот сеуште е опасен и убива најмалку 1.000 Американци дневно. Трамп повеќе пати повтори дека „вирусот ќе исчезне”. Убедуваше дека ситуацијата е под конрола, и инсистираше дека земјата го гледа крајот на кризата. Претседателот, исто така, ги потценуваше експертите и епидемиолозите и се исмеваше со нивните тврдења велејќи, дека тие грешат за сериозноста на ситуацијата.

Тој се исмеваше и со неговиот опонент Бајден зошто постојано носи маска во јавност, „гледам лицето му е покриено со голема маска”, рече неодамна тој. 

Трамп синоќа на Твитер објави дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19, наведувајќи дека двајцата одат во карантин. Позитивна на коронавирус била и неговата советничка, Хоуп Хикс, која деновиве за време на кампањата патувала со Трамп. Се претпоставува дека таа го заразила шефот на државата. 

Треба да знаете
Последни објави