Џафери го потпиша решението за предвремени избори за градоначалник во Штип и Пласница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска го потпиша Решението за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип.

Како што информира собраниската прес-служба, недела, 13 декември 2020 година е денот утврден за одржување на изборите.

Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија.”

Треба да знаете
Последни објави