Вооружениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан околу територијата Нагорно-Карабах влегува во шестиот ден. Бројот на загинати се зголемува, како и заканите и обвинувањата од двете страни.
Десет лица беа ранети во азербејџански артилериски напад врз седиштето на спасувачката служба во Арцах. Сепак, станува збор за полесни повреди. Зградата на спасувачката служба е делумно уништена, прозорците скршени, sидовите срушени, а оштетени автомобили се расфрлани низ паркингот.
10 people have been wounded in an #Azerbaijan|i artillery strike on the Artsakh Rescue Service HQ
Thankfully, the wounds are all light. The NKR Rescue Service building has been partially destroyed,with broken windows,collapsed walls and damaged cars strewn throughout parking lot pic.twitter.com/0hpNIV8AD9— Armenian Unified Infocenter (@ArmenianUnified) October 2, 2020
Исто така објавена е снимка на која се гледа дека азербејџанските сили уништиле ерменски тенк.
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан ја обвини Турција дека „тргнала по патот на геноцид“ помагајќи му на Азербејџан во борбата, додека од Баку ги напаѓаат Ерменците дека пукаат врз цивили и населени места во Азербејџан.