Дармијан потпишува со Интер

Матео Дармијан ги минува лекарските прегледи во Интер и во текот на денешниот ден би требало да биде промовиран во ново засилување за италијанскиот вицешампион. Дармијан кој е производ на миланската академија пристигна рано утрово во клиниката на Интер и во моментов ги минува медицинските проверки.

Интер плаќа 2,5 милиони евра за да ги обезбеди услугите на поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, кој во Милано ќе пристигне од Парма.

Дармијан ќе потпише четиригодишен договор со „нероаѕурите“ со плата од 2 милиони евра по сезона.

Треба да знаете
Последни објави