Либанските власти наредија затворање на 111 градови и село низ целата земја откако стотици луѓе се заразија со коронавирусот во последните неколку дена, а болнички кревети има се помалку.
Министерот за внатрешни работи во заминување Мохамед Фахми изјави дека целосното затворање на 111 градови и села ќе стапи во сила во недела наутро и ќе трае до 12 октомври.
Во тој период, сите државни и приватни институции во градовите и селата во северен, јужен, централен и источен Либан, како и во некои предградија на Бејрут, ќе бидат затворени.
Сите настани и собири ќе бидат откажани, а Министерството ќе контактира со локалните верски лидери со цел затворање и на верските објекти.
Според Фахми, полицискиот час на ниво на цела земја, кој трае од 01:00 часот навечер до изгрејсонце, ќе остане во сила.