Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во самоизолација, е позитивен на новиот коронавирус. Саборот соопшти дека Јандроковиќ има лесни симптоми, добро се чувствува и е во својот дом.
Јандроковиќ е во самоизолација од средата откако кај вработен во неговиот кабинет беше потврдена болеста.
Во меѓувреме, потпретседателот на Саборот, Жељко Рајнер соопшти дека тој добил негативен тест.
– Мојот тест е негативен. Вечерва ги добив резултатите. И понатаму сум во самоизолација до 12 октомври. За жал тоа не се менува, но добро е да се знае дека тестот е негативен, посочи Рајнер.