– Американскиот претседател Доналд Трамп го прекинал кандидатот за претседател од Демократската партија Џо Бајден најмалку 128 пати за 90 минути за време на нивната прва дебата во вторникот вечерта, пренесува онлајн магазинот Слејт. Само во еден случај Трамп го прекинувал Бајден 10 пати, додека кандидатот на демократите одговори на едно прашање.
Модераторот од Фокс Њуз, Крис Валас, постојано мораше да го моли американскиот лидер да престане да го прекинува Бајден.
За споредба, Трамп ја прекина Хилари Клинтон за време на нивната прва дебата во 2016 година 51 пат.
Бајден го прекинуваше американскиот претседател десетици пати, но во повеќето случаи или за да ги исправи лагите или со еден збор. Валас побарал од претседателот најмалку 25 пати да престане да прекинува и да ги следи правилата.
На крајот, модераторот успеа да обезбеди подеднакво време за говор и за двајцата кандидати. Според Си-Ен-Ен, поранешниот потпретседател зборувал 38 минути, а Трамп 39 минути.
Слејт забележува дека шефот на државата поставил личен рекорд – 128 пати за 90 минути.