Двајца загинаа во судир на „мерцедес“ и „пасат“

На 03.10.2020 во 00,10 часот на магистрален пат А3, на делница од Штип до Виничка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управувано од В.И.(49) од с.Истибања,виничко и автомобил „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управувано од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од с.Г.Подлог,кочанско.

Во незгодата починале возачот на патничко моторно возило „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., , а во Општата болница Кочани била констатирана смрт, додека возачот на патничко моторно возило„фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.

Треба да знаете
Последни објави