Напаѓачот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Садио Мане е вториот играч од редовите на „црвените“ кој е заразен со коронавирусот. Ливерпул соопшти дека фудбалерот од Сенегал има позитивне тест и дека ќе му се придружи во изолација на новоангажираниот шпански интернационалец Тијаго Алкантара кој од минатиот викенд е изолиран.