Приведени две лица од Кондово и Слатино за издржување затворска казна 

Секторот за меѓународна полициска соработка со асистенција на Единицата за интервентна полиција, ноќеска во 02.00 часот, го приведе А.А.(19) од село Кондово, за издржување казна затвор од пет години за кривично дело „обид за убиство”, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат и дека  изутрината во шест часот  полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле Е.Б. (28) од село Слатино за издржување  казна затвор во траење од шест години во КПД Идризов,  а во врска со чл.237 ст.1 од КЗ на Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави