Центарот на Мајами Хит Бам Адебајо планира да се врати во составот за клучниот натпревар од последната серија бр.3 против Лос Анџелес Лејкерс.
Синоќа „езерата” го искористија отсуството на кошаркарот висок 206 сантиметри и доминираа во противничкиот рекет. Бам мораше да го пропушти вториот натпревар поради истегнување во пределот на вратот.
– Да, верувам дека ќе бидам во ротација. Се чувствувам подобро и навистина верувам дека ќе можам да играм. Мора да играме со одредена доза на очај и да влегуваме во натпреварите со многу енергија. Уверен сум дека можеме да ја свртиме серијата”, рече 23-годишниот центар на „жешките”.
Адебајо може да се врати, но ситуацијата со Горан Драгиќ е многу посериозна. Словенецот искина тетива во стапалото, а единствениот начин да се појави на паркетот за следните натпревари е да игра на инјекции.
Натпреварот бр.3 помеѓу Хит и Лејкерс е во недела навечер во 02:30 по македонско време.