Непосредно откако беше објавено дека фубалерот на Наполи, Елиф Елмас има позитивен тест на коронавирус и ќе остане во карантин, македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме го објави списокот со играчи на кои смета за историскиот меч со Косово кој ќе се игра в четврток во Скопје, како и двата дуели од новото издание од Лигата на нации со Естонија (11 октомври, Талин) и Грузија (14 октомври, Национална арена „Тодор Проески”).
Дуелот со Косово е полуфинална пресметка од ланското издание на Лигата на нации, која може да ги донесе „црвено-жолтите“ на само на еден чекор од историски пласман на прва завршница од ЕП.
На списокот се наоѓаат 23 фудбалери меѓу кои повратник е голманот Столе Димитриевски кој ги пропушти септемвриските репрезентативни обврски поради коронавирусот, а старо-ново име по подолга пауза е и Ферхан Хасани од Хелсинки.
На списокот се наоѓаат следните фудбалери: