Тренерот на лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Евертон, Карло Анчелоти по денешната победа против Брајтон (4:2) во рамките од 4. коло рече дека неговите играчи ги извршиле зададените задачи.
-Брајтон се претстави во добро издание. Но, и ние игравме добро. Бевме успешни во сите линии и затоа заслуживме да победиме. Сега ќе има пауза од петнаесет дена, а потоа не чека фантастичен тест, најтежок е натпреварот против соседите, рече Анчелоти.
За настапот на Хамес Родригез искусниот трофеен италјански стратег истакна:
-Како што реков од самиот почеток, таквите мајстори немаат проблеми со адаптацијата. Фудбалот не е толку тежок. Теренот е секогаш ист, секогаш има 11 противници, топката е тркалезна, голот не се движи. Фудбалот е едноставна игра, ништо комплицирано, вели Анчелоти.
Евертон по четири кола е прв на табелата со максимални 12 бода.