Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден изрази сочувство до претседателот Доналд Трамп, кој се зарази со Ковид-19, и најави дека ќе престане да емитува изборни спотови во кои се критикува неговиот одговор на пандемијата.
Откако Белата куќа соопшти дека Трамп ќе помине „неколку дена” воената болница „Волтер Рид”, Бајден рече дека Американците „мора да се обединат”.
Тој истакна дека дијагнозата на Трамп е потсетување на светската здравствена криза, која особено ја погоди земјата и дека мора сериозно да се сфати вирусот.
Ставот на Бајден кон пандемијата е во спротивност со ставот на Трамп. Тој формулираше неколку планови за решавање на јавното здравство и економските последици од пандемијата, додека Трамп претежно им остави на федералните и локалните власти да создадат свои насоки, честопати спротивставувајќи се на експертите за јавно здравје.
Кампањата на демократскиот претседателски кандидат подразбира одржување помали митинзи, со почитување на мерките за социјално дистанцирање и препораките за носење заштитни маски.
За разлика од него, Трамп, и покрај пандемијата, продолжи да одржува големи митинзи, чии учесници обично не носеа маски, редовно потсмевајќи се на одлуката на Бајден да носи маска во јавноста.
Соединетите Американски Држави се на прво место во светот по бројот на заразени и починати како резултат на Ковид-19. Според последните податоци, во оваа земја се потврдени околу 7,5 милиони случаи на коронавирус, додека починаа повеќе од 213.000 лица.