И покрај една кривична „МОШ“ вчера пак ги кршеше протоколите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски изјави дека кафулето „МОШ“, во кое вчерасо непочитување на протоколите  се одржал концерт на српскиот пејач Владо Горгиев, имал забрана за работа и кривична пријава уште минатата недела.

-Нека размисат во Владата како понатаму, оти ние џабе контролираме и пишуваме записници кога локалите не можеме да ги затвориме. Газдите поминуваат само со парична казна од 4.000 евра, а за гостите кои не почитуваат протоколи нема никаква казна. Кафулето ‘Мош‘ има кривична пријава од минатата недела за непочитување протоколи. И вчера од концерот на Владо Георгиев е направен записник за повторно непочитување протоколи. Мора да се донесе итно законска измена за да можеме да постапуваме со затворање на локалите. Сега тоа може да го направиме само ако работат повеќе од дозволеното работно време“ вели директорот Пауновски.

Според него, одредена група угостители на големо ги имаа пречекорено мерките за заштита од Ковид-19.  Заради овие причини инспекторите на Пазарна инспекција, како и во изминатиот период и во претстојните денови ќе вршат контроли низ цела држава.

– Некогаш не е до самите газди, туку и до совеста на гостите. Менталитетот балкански е таков, стануваат, скокаат. Моментно на терен се 12 групи инспектори. Значи, контроли ќе се вршат  и во текот на денот. Претходно кривични пријави поднесовме за неколку угостителски објекти во Струга и Скопје.  Пречекорување на работно време и непочитување на протоколите за Ковид-19 се едни од причините за изрекување на овие пријави, изјави Пауновски за МИА.

Последниот извештај на Министерството за здравство што беше објавен вчера за претходното деноноќие покажа дека во државава има нови 225 пациенти заразени од Ковид -19.  Поради оваа бројка министерот за здравство Венко Филипче вчера имаше вонреден состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, на кој е констатирано дека по точна анализа на епидемилошката состојба  ќе се знае дали и какви мерки ќе се донесат.

Треба да знаете
Последни објави