Репрезентацијата на Уругвај го објави списокот со фудбалерите за квалификациите од Светското првенство 2022 година. Напаѓачот Единсон Кавани, кој летово остана без клуб по истекот на договорот со ПСЖ, не доби покана да биде меѓу кандидатие за составот на државниот тим.
Исто така, повредениот главен голман Фернандо Муслера нема да дојде во националниот тим.
Уругвај ќе игра на домашен терен против Чиле (8 октомври) и на гости со Еквадор (13 октомври) во квалификациите за СП 2022 година.
Од напаѓачите репрезентативен повик добија: Хонатан Родригез, Луис Суарез, Кристијан Стуани, Макси Гомез, Дарвин Нуњез.