Лидс и Манчестер сити ремизираа, Алиоски одигра едно полувреме

Лидс и Манчестер сити ремизираа (1:1) во 4. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. Македонскиот репрезентативец Езџајн Алиоски го одигра првото полувреме за Лидс, а во 16 минута имаше шанса да го совлада Едерсон, но не ја реализира.

Натпреварот на „Еланд Роуд“ по лошото време понуди добра фудбалска претстава. Сити во третата минута ја имаа првата шанса, но Де Брујне од слободен удар го погоди дирекот. Почетниот притисок „граѓаните“ го крунисаа со голот на Стерлинг.

Лидс израмни во 59 минута преку шпанскиот репрезентативец Родриго кој на стартот од вториот дел го замени Алиоски.

 

Треба да знаете
Последни објави