Поранешни членови на ЕП во виртуелна посета на Македонија

Асоцијацијата на поранешни членови на Европскиот парламент на 4 и 5 октомври ќе организира виртуелна студиска посета на Република Северна Македонија со цел промоција на конструктивен дијалог и поддршка на парламентарната демократија.

Делегацијата, предводена од претседателот на Асоцијацијата и поранешен претседател на ЕП Ханс Герт Потеринг, ќе одржи онлајн средби со високи владини и собраниски претставници, како и со претставници на граѓанскиот сектор и универзитетски студенти.

Поранешните членови на Европскиот парламент, како што е најавено, ќе имаат онлајн средби со претседателот Стево Пендаровски, собранискиот спикер Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Делегацијата е составена од 15 поранешните членови на Европскиот парламент од Германија, Италија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Грција и Словенија.

Треба да знаете
Последни објави