Шпанскиот шампион Реал Мадрид подготвува понуда за играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте.
Според АС, „кралевите” имаат намера да понудат 71 милиони фунти за светскиот шампион со Франција од Светското првенство во 2018 година.
Нејасно е дали од „Стемфорд Бриџ” ќе ја прифатат понудата, бидејќи менаџерот Френк Лампард има намера да се потпира на Канте.
– Слушам и читам секакви вести за неговата иднина. Многу пати имам кажано дека Канте е меѓу најдобрите играчи од средниот ред во светот. Навистина го ценам работењето со него и тој е важен за нас, рече Лампард за 29-годишникот.
Името на Канте се поврзува и со Интер и Манчестер Јунајтед. Тој играше за Челси од 2016 година, кога беше доведен од Лестер за 32 милиони фунти.
Канте со „сините” стана шампион на Англија, и ја освои Лигата на Европа. Неговиот договор со клубот е до летото 2023 година.