Силекс одолеа на гостувањето кај Шкендија

Пет натпревари од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига се одиграа попладнево. Три средби завршија нерешено, а Македонија ЃП и Шкупи освоија по три бода. Кратовски Силекс одолеа на гостувањето кај лидерот Шкендија иако во последните триесетина минути играше со играч помалку. Во 58. минута нововлезениот Кристијан Костовски од зад грб влечеше за дрес, па стартуваше со десната нога и судијата Влахо му покажа директен црвен картон.

Резултати:
Беласица – Ренова 1:1
Македонија ЃП – Струга Трим Лум 2:0
Работнички – Академија Пандев 0:0
Шкендија – Силекс 1:1
Шкупи – Борец 3:0.

Утре играат лутите ривали Пелистер и Вардар.

Табела: Шкендија 18 бода, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Борец 12, Силекс 11, Работнички 11, Струга Трим Лум 11, Вардар 10, Пелистер 9, Академија Пандев 7, Ренова 6, Беласица 1.

Треба да знаете
Последни објави