Идејата на целата реконструкција на улиците што трае и ја гледате е дека градот мора да има добра инфраструктура. Не постои начин како да реконструирате улица без да се наруши секојдневното движење. Суштината е да бидете брзи како што сме, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Тој посочи дека се работи и навечер и дека сме при крајот на градежната сезона, што ќе потрае уште 10-15 дена.
– Откако ќе поминат нервозите и гужвите, ќе остане добрата инфраструктура во следните 20 години, изјави денеска Шилегов, одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на првата велосипедска патека на Водно.
Прашан зошто не се искористи периодот на карантин, за реконструција на улиците во градот, Шилегов, рече дека и во периодот на карантиниот сериозно добро работеле.