Џонсон верува во договор со ЕУ на задоволство на обете страни

Имаме голема шанса да постигнеме договор со Европската унија, така што двете страни ќе бидат задоволни, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон во пресрет на разговорите со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во врска со следните чекори кои се однесуваат на тужбата против Велика Британија.

Унијата ја покрена постапката пред судот затоа што Велика Британија сакаше да ги промени претходно договорените ставки во врска со излегувањето од Унијата.

– Мислам дека ќе завршиме добра работа, одговори Џонсон на прашањето за идните односи со ЕУ.

Тој додаде дека Велика Британија ќе склучи договор каков што Канада има со ЕУ, но ако тоа не е можно, тогаш договорот ќе биде сличен на оној што Унијата го има со Австралија.

– Што и да се испадне, Велика Британија е подготвена и за двете варијанти, рече Џонсон.

Треба да знаете
Последни објави