Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен им порачаа на своите преговарачи да работат интензивно за да се обидат да ги надминат празнините што остануваат меѓу двете страни, бидејќи сè уште има „значајни” разлики.
„Тие ја поддржаа проценката на двајцата главни преговарачи дека е постигнат напредок во последните неколку недели, но дека остануваат значителни празнини, особено, но не само, во областите риболов, еднакви услови и управување, се вели во соопштението од канцеларијата на Џонсон.
Пред разговорот со Фон дер Лајен оцени дека постои голема шанса за договор со Европската унија, така што двете страни ќе бидат задоволни,.
Унијата ја покрена постапката пред судот затоа што Велика Британија сакаше да ги промени претходно договорените ставки во врска со излегувањето од Унијата.
– Мислам дека ќе завршиме добра работа, одговори Џонсон на прашањето за идните односи со ЕУ.
Тој додаде дека Велика Британија ќе склучи договор каков што Канада има со ЕУ, но ако тоа не е можно, тогаш договорот ќе биде сличен на оној што Унијата го има со Австралија.
– Што и да се испадне, Велика Британија е подготвена и за двете варијанти, рече Џонсон.