Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа е направена врз основа на податоци од Собранието

Државната комисија за спречување на корупцијата со соопштение реагира на вчерашните обвинувања од претседателот на Собранието, Талат Џафери побара да се извинат за изнесените наводи дека апанажата на пратениците изнесува 100.000 денари.

-Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа сакаме да ве известиме дека споменатата Анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ. Исто така, сакаме да појасниме дека Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции. Очигледно дека само податоците од Собрание на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот, велат од ДКСК.

Треба да знаете
Последни објави