Полицијата регистрирала два случаи на обљуба, вчера во Велес и во Кочани, информираше МВР.
-На 02.10. во 18.45 часот во СВР Штип, 45 годишен жител на Кочани пријавил дека врз неговата 16 годишна ќерка била извршена обљуба од страна на лицето Е.Б. од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.
Според МВР, вчера во 11 часот во СВР Велес, 37 годишна жена од Р.Германија пријавила дека на 29.09.2020 во хотел, Е.Ф. од с.Мелница, велешко извршил обљуба врз неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.