Евертон гази се по ред

Хамес Родригез беше двоен стрелец за Евертон кој како домаќин го совлада Брајтон со 4:2 во 4. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. За „карамелите” ова е четврти триумф во четвртиот настап оваа сезона.

Покрај Хамес, во листата на стрелците за домаќините се запишаа Јери Мина и Доминик Калверт-Лоин.

Евертон е лидер на табелата со максимални 12 бода.

На другиот денешен дуел завршен досега, Челзи го победи Кристал Палас со 4:0.

Вечер играат:
Лидс – Манчестер сити и
Њукасл – Барнли. 

Треба да знаете
Последни објави