Нови мерки: Кафулињата ќе работат до 22 часот, недела неработен ден за сите?

Според информации кои ги објави порталот ФАКТОР, Комисијата за заразни болести размислува да предложи до Владата нови мерки поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Како што дознава Фактор, се планира во недела да не работи ништо, а останатите денови угостителските објекти да работат само до 22 часот.

Препораките на Комисијата за заразни болести ќе следат по вчерашната втора рекордна бројка од 225 новозаразени од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави