Полицијата вчера наишла на ужасна глетка и распарчен труп во стан во белградската населба Глогоњски рит. Мислеле дека ова е уште еден случај на човек кој почина сам, заборавен од сите, но потоа го пронајдоа и неговиот ментално болен син кој, откако починал неговиот татко, немал што да јаде, па преживеал јадејќи го неговото месо.
Имено, според првите сознанија од истрагата, мажот е мртов најмалку седум дена, а засега не е познато како починал.
Хоророт во Глогоњски рит е откриен поради неподносливата смрдеа која со денови се ширела од станот, поради што соседите повикале полиција и пожарникари.
Кога полицијата влегла во станот, имало крв на сите страни, а во една просторија на креветот лежело распарчено тело. Како што велат, синот се скрил, а кога го пронашле, се чинел дека е целосно изгубен и запоставен.
Полицијата наскоро утврдила дека момчето не може дури и сам да оди во продавницата и дека кога починал неговиот татко, тој останал без храна, но не излегол од станот.
Итно е пренесен на Клиниката за инфективни болести, каде ќе бидат направени сите потребни тестови.