Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ на гренд-слем турнирот Ролан Гарос, денеска без проблеми обезбеди место во 4.коло, совладувајќи го Даниел Елахи Галан во три сета.
Србинот првиот сет го доби со 6-0, а во вториот мечот мораше кратко да биде прекинат поради дожд. Во продолженитето беше 6-3 и 6-2. Ова беше вкупно 71.победа за Ѓоковиќ на црвеницата во Париз и на претходните три меча загуби само 15 гема.
Следен противник на првиот фаворит е Карен Хачанов, кој денеска го победи Кристијан Гарин со 3-1. Пласман во следната рунда обезбедија и Андреј Рублев, кој го победи Кевин Андерсон со 6-3, 6-2 и 6-3, потоа Пабло Карењо Буста, Мартен Фучович, додека противниците на Стефанос Циципас и Григор Димитров ги предадоа мечевите во моменти кога фаворитите веќе имаа водство од 2-0 во сетови.
Ролан Гарос заврши за седмиот носител Матео Беретини, кој загуби од Даниел Алтмајер со 6-2, 7-6 и 6-4.