Д-р Стојановиќ: Поради Ковид 19 ја намаливме работата, но дозволена е прекувремена работа попладне која дополнително се плаќа

Oд моменот на прогласување на пандемијата, од март месец оваа година, Институтот во Сремска Каменица и Клиниката за пулмолошка онкологија почна да работи во нов режим. Токму тоа беше и повод за разговор со Управникот на клиниката пр.др.Горан Стојановиќ.  24 инфо го праша Управникот кој во исто време е и началник на Центарот за бронхологија како се справуваат со новата реалност и како тече еден работен ден на нивната клиника.

Но ние во ниту еден момент не сме биле COVID болница. КЦ на Војводина во Нови Сад беше болница задолжена за згрижување на ковид пациенти и нашите лекари и медицински сестри по утврден и договорен распоред одеа и работеа во таа болница. Ние цело време дијагностициравме и лечевме пацинти болни од карцином на бели дробови. Постоеја патишта за движење на пацинети, се знаеше како се влегува во болницата каде можат да се движат пациентите, имавме црвени и зелени зони во примениот блок, а сега имаме на сите клиники црвени (изолациони соби). Во тие простори (црвени зони/соби) се примаат пациенти и им се прават задолжителни серолошки тестирања. PCR се прави за сите пациенти на кои е планирано да им се прави бронхоскопија. До колку пациентот е негативен се прима на редовно одделение, а ако е по некоја случајност позитивен се носи во Клиниката за инфективни болести- КЦ Војводина. Имаше пациенти кои при приемот беа верифицирани како позитивни, но имаше и такви со негативни тестови, а во текот на лечењето развија клиничка слика со ковид инфекција. Но морам да признам дека нивниот број беше многу мал. Сите  пациенти кои се лечени од карцином на бели дробови и кои беа на зрачење и на хемотерапија исто така беа тестирани. Моментално сите тие мерки се релаксирани бидејќи епидемиолошката ситуација во Србија е стабилна.

Има ли некакви протоколи за работа за прием на пацинети?

Постоеа протоколи кои ги препишуваше кризниот штаб на министарството за здравство, и тогаш се применуваа истите на прием на пациенти. Тие протоколи се применуваа како при прием така и при лечење на пацинтите, се тестираа пациенти и протоколите важеа како за болниците така и за амбулантите и доследно се спроведуваа.

 Колку позитивни случаи сте откриле вие од почеток на пандемијата?

Од март месец на Клиниката за белодробна онкологија забележени се десетици  позитвни пациенти кои се докажани како позитивни по приемот на Клиниката. И се разбира веднаш се препратени во надлежните Ковид болници

Се подготвувате ли за следен бран на заболени со ковид 19?

Се разбира, веќе имаме доволно искуство со подготовките со организација на службите и со работа во услови на епидемија. Очекуваме во наредните месеци пораст на заболени одново.

Дали прегледите течат нормално и како изгледа сега бронхоскопијата во вакви услови?

Прегледите сега течат нормално. Работиме само со заштитна опрема, правиме поголеми паузи меѓу прегледите, а просториите и опремата соодветно се стерилизираат и се дезинфицираат. После секоја втора интервенција или процедура користиме кварцни ламби кои се инсталирани на ѕидовите на бронхоскопската сала, се кварцаат заштитните мантили кои се шиени по пример на хируршките мантили и можат да се стерилизираат и перат. Користиме заштитни наочари,визири, маски партикуларни и хируршки, ракавици, каљачи и капи. Работиме до 6 бронхоскопии на дан, порано правевме 8-9. Значи малку ја намаливме работата поради новите протоколи, но во договор со раководството на институтот овозможена е и попладневна прекувремена работа која им се плаќа на вработените.

Има ли соработка со македонските колеги, менувате ли искуства за протоколи за лечење?

Што се однесува до размената на искуства, во овие моменти на пандемија, со македонските колеги немам податоци дали постоела некаква размена на искуства околу протоколите на лечење на пациенти болни со ковид 19 бидејќи повторувам, ние не сме ковид болница. Што се однесува до лечења на наши пациенти со карциномом на бели дробови и начинот на правење на бронхоскопија во ова време на пандемија имаше постојано на на ниво на лични контакти.

Дали сте за вакцинација и дали лично ќе се вакцинирате откако истата ќе стане достапна?

Да секако  редовно се вакцинираме против грип. Вакцинацијата во Србија почнува во октомври а кога ќе биде пронајдена вакцина за ковид секако дека треба да се  вакциниравме. Мислам дека за здравствените работници ќе биде задолжителна.

Што прво ќе направите откако ќе ја победиме пандемијата?

Ништо посебно, ова е наша работа и она што прво ќе го направиме е да се вратиме на поранешниот начин на работа. Но сите сме преоптеретени со пандемијата, напнати и понекогаш претерано нервозни, така да мислам дека адекватен годишен одмор кој го немавме годинава ќе биде нешто што прво ќе направам по завршувањето на пандемијата.

Валентина Ангеловска

 

Треба да знаете
Последни објави