Барселона може да направи отстапки во случај на трансфер на крилото Усман Дембеле во Манчестер Јунајтед, информира „Мирор”.
Каталонците се подготвени да ги намалат своите барања и да го ослободат Французинот за 66 милиони евра. Ова е помалку отколку што Шпанците платија за него на Борусија Дортмунд во 2017 година – 104 милиони евра. Исто така, се наведува дека сè уште нема информации дали Јунајтед е подготвен да ја плати дури и оваа сума, бидејќи првично „црвените ѓаволи” го сакаа Французинот само за изнајмување и со можна опција за купување.
Вчера се појавија голем број извештаи дека дури и Пол Погба го повикал својот сонародник да го убеди да го прифати предлогот, а преговорите меѓу двете страни продолжуваат.
Главна трансфер цел на Манчестер јунајтед ова лето беше Џејден Санчо од Борусија Дортмунд, но „црвените ѓаволи” такаи не успеаја да постигнат договор со германскиот тим.