(Видео)Бранови и до шест метри височина го разбрануваа Јадранот

Поморскиот метеоролошки центар во Сплит јавува за удари на ветар во Сплит со брзина од 90 км./ч., во Задар со 83 км./ч., а во Шибеник со 67 км./ч., пренесуваат хрватските медиуми. Еден од најпознатите центри за прогнозирање на појави и интензитет на невреме – Естофекс најави дека подрачјето долж Јадранот ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе донесе обилни врнежи од дожд, можни поплави, торнада во морето и оркански удари на ветрови.

Како што јавува метеорологот Теа Блажевиќ, на Ластовац е забележан југо со јачина од 108 км./ч., на Вис – 104 км./ч. и во Задар – 100 км./ч.

– На подрачјето на Ластовац, Вис и Задар, ветрот дуваше со брзина од околу 100 километри на час, а во делови на морето и над 100 км./ч. Таквите удари на ветрот создаваат бранови и до шест метри во височина, изјави Маријан Тадин за агенцијата Хина.

Како што додаде, во првите вечерни часови денеска северниот дел на Јадранот е зафатен со силен ветар и грмотевици и обилни врнежи од дожд.

– Се очекува невремето во текот на ноќта да се прошири на средишниот дел на Јадранот, додадe Тадин.

Треба да знаете
Последни објави