Гордана Димитриеска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ зборуваше за четвртиот сет на мерки и потенцираше дека тој пакет на мерки е задоцнет. Имено таа укажа и на проекцијата на ЕБРД каде јасно се гледа дека Република Македонија годинава има најголема корекција на БДП и тоа докажува дека мерките се задоцнети.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ а и јас стојам на ставот дека дефинитивно четвртиот пакет на мерки е задоцнет. Ако се вратиме уште од почетокот, првиот и вториот пакет на мерки беа некаде околу 1.2% од БДП и со тој пакет на мерки се предвидуваше дека ние годинава ќе имаме 3.4% пад на БДП. Тој прв и втор пакет на мерки беа составен дел на ребалансот на буџетот, прво беа мерките па после дојде ребалансот на буџетот кој што исто така уште кога бев технички заменик министер за финансии го зборував тоа дека сме задоцнети со ребалансот на буџетот. Така да тие два пакети на мерки влегоа во тој ребаланс на буџетот, влезе нешто и од третиот пакет на мерки, меѓутоа гледаме дека тој што било планирано, а беше 3.4 % пад на БДП за годинава не е остварливо. Дека тоа е така говор и фактите односно дека 6.4% имаме пад на БДП во првата половина од годината, до крајот на годината би требало да имаме пад 0.7% во однос на минатата година за да може да го извадиме оној проектиран пад на БДП од 3.4%. За жал она што се случува во последниве денови, а тоа е покрај проекцијата на ММФ, излезе и проекцијата на ЕБРД и во таа проекција јасно е наведено Македонија има корекција на БДП за годинава најголем , а тоа е 1.5% надолу од тоа што првично ЕБРД го проектирала . 1% има пад кај Црна Гора, 5 % кај Босна и кај сите останати земји имаат иста проекција за следната година ЕБРД го намалува нашата проекција за 2.5% што јасно кажува дека мерките се навистина задоцнети. Ние можеме да зборуваме дали е тоа така меѓутоа бројките во економијата го потврдуваат тоа, ние не можеме да разговараме на друг начин кога имаме факти, истакна таа.
Според неа, преку четвртиот сет на владините антикризни мерки краткорочно ќе се решат проблемите на граѓаните, односно како што рече проблемите ќе се пролонгираат, но после нова година повторно ќе ги има.
-Очигледно е дека ќе пролонгираме некои проблеми кои што повторно ќе не стигнат после нова година, со што една група ќе средиме друга ќе изнервираат. Еве пензионерите до 15.000 денари ќе добијат 6.000 денари картички пред две години им се скрати еден дел од пензиите. Така да во тој дел зголемивме струја, порамнуваме некои сметки, значи не сме им дале ништо за да им помогнеме. Хрватска кога почна кризата правеше откуп односно трансакции, откупување на државни хартии на вредност од страна на нивната Централна банка од комерцијалните банки. Значи ова е трансакција која што се правела, а се правела и во минатото. А притоа зборуваме за пари кои што банките ги има. Ние пак сега ќе се случува истото, ќе се задолжуваме, додаде таа.
Според Димитриеска Кочоска владата требало најпрво да обезбеди пари за приватниот сектор, да трансферира пари за Агенција за вработување, за социјален бенефит, а дури потоа да размислува за реализација на капиталните расходи да го фаворизираат градежништвото и на тој начин да се поттикнат и другите гранки се со цел граѓаните да не ги губат своите работни места.
-Значи да бидеме јасни требаше да обезбедат пари за економија односно за приватниот сектор, требаше да трансферираат пари за Агенција за вработување, за социјални бенефити и после тоа да почнат да размислуваат на реализација на капиталните раскоди односно да го фаворизираат градежништвото или тие 1.000 километри кои што не ги видовме сега барем да ги видиме за да поттикнат еден куп гранки, за да почнат луѓето да работат и да не се грижат дали ќе ја изгубат работата, објасни таа.
Димитриеска Кочоска истакна дека животниот стандард на граѓаните од 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ пораснал за цели 7 проценти, додека во време на СДСМ животниот стандард пораснал само за 0,2 проценти.
Животниот стандард во Македонија кој што по дефиниција е бруто домашен производ по глава на жител, сега зборува за тој БДП по глава на жител во однос на Европа, во Македонија бил 2006 година 30 кога ВМРО-ДПМНЕ дошло на власт, 2016 бил 37 проценти или 7 проценти имаме зголемување на тој животен стандард во однос на Европската унија. Но, сега за овие години додека е СДСМ на влас имаме само 0,2 проценти пораст, посочи Димитриеска Кочоска.