Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука објавија спот за песната “Алеје љубави”

Новиот спот на Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука за песната „Алеје љубави“ конечно е готов.

Музиката и текстот на песната ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица.

Спотот се снимаше речеси цело лето на просторите на поранешна Југославија. Се почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско езеро и Јадранско море и секако Мостар, родниот град на Жера и Жељко.

Главна улога во спотот е преубавата Македонка, Иларија Кирилов

Такво целокупно снимање на музички спот до сега не е забележано на овие простори, а секако има и поголемо значење зашто е сниман во време на пандемија од корона вирус.

Треба да знаете
Последни објави