Продолжува серијата на фудбалерите на Милан без загубен натпревар. „Росонерите” 19 натпревари не знаат за пораз, а нивна последна „жртва” е Специја која денес беше совладана со 3:0 во 3. коло од Серија А.
Напаѓачот Рафаел Лео постигна два гола, дефанзивецот Тео Хернандез постигна уште еден погодок.
Милан е во серија од 15 победи и четири нерешени натпревари.
На следниот натпревар, тимот ќе се соочи со градскиот ривал Интер. Натпреварот е закажан за 17 октомври.