Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на КОВИД-19, со што вкупната бројка на активни случаи во нашата земја изнесува 2 693. Оздравени се 77 пациенти и починати се три лица, информира Министерството за здравство.
Најмногу нови случаи има Скопје-96, по што следат Кочани и Тетово со по 15, Прилеп-13, Штип, Струмица и Виница со по пет, Куманово, Гостивар, Гевгелија и Берово со по четири, Битола – 3, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Свети Николе, Валандово, Кичево и Ресен со по два и Велес, Кавадарци, Пехчево и Неготино по еден нов случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од: Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-1.
Во болнички услови починати се три лица, 81- годишен пациент од Скопје, еден 67-годишен пациент од Кичево и еден 77-годишен пациент од Струга.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18 790, бројката на оздравени пациенти е 15 341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 693. Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 7386, активни 966; Куманово 1799, активни 181; Дебар 287, активни 32; Штип 1280, активни 62; Прилеп 722, активни 147; Тетово 1487, активни 161; Струга 685, активни 43; Велес 338, активни 32; Битола 331, активни 76; Охрид 437, активни 32; Кавадарци 252, активни 47; Гостивар 947, активни 84; Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани); Струмица 298, активни 181; Крива Паланка 124, активни 38; Радовиш 101, активни 37; Крушево 20, активни 1; Кочани 417, активни 183; Пробиштип 117, активни 19; Демир Хисар 62, активни 2; Македонски Брод 93, активни 5; Пехчево 46, активни 4; Берово 126, активни 48; Валандово 46, активни 31; Виница 124, активни 35; Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) ; Кратово 26, активни 2; Свети Николе 373, активни 59; Кичево 334, активни 35; Ресен 166, активни 8; Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 1350 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-358, Биотек-199, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Систина со PCR метода -109, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-22, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на ковид-19, три деца и три мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се две, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се три пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска се во Чаир – 64, Гази Баба – 108, Аеродром – 170, Карпош – 138, Центар – 158, Кисела Вода – 112, Ѓорче Петров – 68, Бутел – 38, Шуто Оризари – 18, Студеничани – 9, Сарај – 16, Арачиново – 5, Илинден – 34, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 5, Петровец – 7, Зелениково – 3 и 10 странци.