Соопштение за јавност – реакција на изнесени лажни вести на Христијан Мицкоски
Вечерва се огласи главниот нарачател на лажни вести во државата, докажаниот губитник Христијан Мицкоски кој по којзнае кој пат се служи со лаги и дезинформации во обид да ја сокрие сопствената фрустрација од трите изборни порази.
Иако Владата ја демантираше лагата за наводен имот на претседателот Зоран Заев во соседна Грција, тоа не го спречи Мицкоски да продолжи да шири лажни вести што е ногов единствен начин на дејствување.
Кога не успева да го одбрани криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, губитникот Мицкоски шири лажни вести што експресно се демантирани. Тоа го правеше и во време на коронакризата, го прави и сега кога по секоја цена се обидува да си ја одбрани фотелјата во белиот дворец.
Граѓаните знаат дека Мицкоски е главниот нарачател, а белиот дворец е најголемиот извор на лажни вести. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ три пати по ред губат на избори, затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму.