Солскјер: Ова е мојот најлош ден и како тренер и како играч на Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е многу разочаран од прикажаното на неговиот тим на дуелот со Тотенхем. „Црвените ѓаволи“ беа поразени на домашен терен со 6:1, иако поведоа уште во втората минута, благодарение на голот на Бруно Фернандез од белата точка.

-Англискиот е мојот втор јазик, па затоа ми е тешко да се изразам. Се чувствувам ужасно. За мене, ова е најлошиот ден – и како тренер и како играч на Манчестер Јунајтед. Но, тоа не е најлошиот ден во историјата на клубот. Сега треба да ги оладиме главите и со нетрпение очекуваме да се вратиме на терен. Грешките се составен дел од животот, а на оваа средба направивме премногу. Игравме против исклучително квалитетен тим, кој не казни за секоја грешка. По црвениот картон целата игра ни падна во вода, а претходно бевме во игра и бевме рамноправен ривал на теренот. Алармантно е она што се случи на теренот. Секако, јас го бирам тимот, јас сум одговорен, а денес тимот беше еден состав недоволно добар за името на Манчестер Јунајтед. Околу црвениот картон, Ламела сигурно е на операција на грлото! Сепак, тоа беше лош потег од Марсијал. Мора да се погледнеме себеси во огледало за време на репрезентативната пауза. Нема да се видиме сите десет дена за да почнеме со работа, тоа е тешко, Ама, ќе се фокусираме на нештата откако ќе се собереме, изјави Солскјер по средбата.

 

„”.

Треба да знаете
Последни објави